Нема оптимизам во Грција за посетата на Нимиц
26 јули 2012Нимиц, како што најави вчера во Скопје, каде што го придружуваше генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, ќе ја брифира грчката влада за разговорите со македонскиот државен врв, кои ги оцени како конструктивни.
Портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас пред посетата на Нимиц изјави дека не е оптимист, но се надева дека Нимиц ќе донесе „позитивни сигнали од раководството на соседната земја“.
Првиот човек на Светската организација Бан Ки Мун вчера, на средбите со македонските државни претставници, најави дека и лично ќе се заложи кај грчките власти за забрзување на процесот за решавање на долгогодишниот спор за името.
Грчките медиуми јавуваат дека по средбата со Василакис, Нимиц со свој грчки пријател ќе замине на неколкудневен одмор на Халкидики.
АМ/миа