Нема нови средства за борба против сидата
23 јули 2010На крајот на 18. Меѓународна конференција за борба против сидата, претседателот на Меѓународното здружение против сидата, Франсоаз Баре-Синуси побара од политиката да обезбеди пристап за сите заболени од сида до соодветен медицински третман. Од науката се бара да создаде поедноставни, поевтини и поефикасни препарати. Таа и лично учествуваше во пронаоѓањето вагинален гел, што е во состојба да ја намали опасноста од заразување со вирусот на сидата до 39%. Него експертите го оценуваат како медицинска сензација.
„Тоа е мала студија со препарат со средно дејство. Но, сигурно ќе има и други студии со поголема ефикасност, ова е само прв чекор“, нагласува добитничката на Нобеловата награда за медицина, Франсоаз Баре-Синуси.
И покрај тоа што конференцијата беше повеќе согледување на актуелната ситуација, погодените ќе профитираат од неа, смета лекарот Кристоф Бен:
„Оваа конференција го врти повторно вниманието на светската јавност, иако се одржува секои две години. Може да се заклучи дека има подобрување од минатата конференција на полето на лекувањето и превенцијата од сида.“
Автор: Оливер Нојрот/Горан Чутаноски
Редактор: Симе Недевски