1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема нови сознанија за инцидентот кај Танушевци

25 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BwQM

Нема нови сознанија кои се напаѓачите врз македонската гранична патрола вчера кај месноста Кодра фура кај Танушевци,во која загина еден полицаец,а двајца се ранети.Исто така не е извесно дали смртта на едниот полицаец е последица на нападот со оружје или на превртувањето на џипот во бездна длабока стотина метри.Полицијата сеуште врши увид.Се очекува министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска да даде подетални информации за инцидентот.МВР не потврдува дали се работи за терористички напад.