1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема надеж

2 јуни 2009

За 228-те патници и членови на екипажот, кои со авион на „Ер Франс“ патуваа од Рио де Жаниеро кон Париз веќе нема никаква надеж - ербасот А330 најверојатно се урна над Атлантикот. Потрагата по авионот е во тек.

https://p.dw.com/p/I1ol
Ербас А330-200Фотографија: AP

Шефот на „Ер Франс“ Пјер Анри Журжон на аеродромот Шарл де Гол во Париз, објави: „Најверојатно станува збор за катастрофа. Сочувствуваме со блиските на жртвите и ја споделуваме нивната болка“, рече Журжон. Според него, местото на несреќата најверојатно се наоѓа на половина пат меѓу брегот на Бразил и африканскиот континент. Зоната каде што по се‘ изгледа се случила несреќата веќе е локализирана. Бразил и Франција со авиони и бродови трагаат во регионот. Францускиот претседател Никола Саркози изјави дека шансите да се пронајдат преживеани се минимални и дополни: „Ова е катастрофа каква што „Ер Франс“ досега не доживеала.“

Air France Machine vermisst Brasilien Pierre Henri Gourgeon
Шефот на „Ер Франс“ Пјер Анри ЖуржонФотографија: AP

Нема знаци за можен терористички чин

Државниот секретар за сообраќај на Франција Доминик Бисеро, пак, истакна дека се’ уште е несфатливо што се случило. Тој негираше дека би било можно грабнување на авионот бидејќи, според него, авинот би морал некаде да слета. Американското министерство за одбрана соопшти дека не постојат знаци за евентуален терористички чин. Производителот на авиони „Ербас“ понуди помош при расветлување на причините за несреќата.

Повеќе околности довеле до несреќата?

Ербасот А 330-200 кон Париз, четири часа по полетувањето од аеродромот во Рио де Жанеиро, влегол во зона на турбуленции, испратил автоматска порака за проблеми со електрониката во авионот и исчезнал од радарите. Се претпоставува дека авионот бил погоден од гром, рече портпарол на „Ер Франс“: „Најверојатно повеќе околности доведоа до несреќата.“ Пилотот на исчезнатиот Ербас, според компанијата Ер Франс, досега имал 11 илјади часови искуство. Авионот бил стар четири години и последен пат бил сервисиран во април годинава.

Sarkozy nach Flugzeugabsturz
Никола Саркози: Невидена катастрофаФотографија: AP

Во авионот има и Германци

Во авионот се наоѓале 228 патници и членови на екипажот од 30 нации. Според „Ер Франс“, повеќето од патниците биле Французи и Бразилци, но најверојатно има и 26 Германци. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер потврди дека во авионот имало германски државјани.


Автор: АТ/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска