1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема забрана за антиисламскиот филм на Јутјуб

ЕМФ/дпа/афп21 септември 2012

Суд во Калифорнија го отфрли барањето на актерката Синди Ли Гарсија за забрана за антиисламскиот филм на платформата Јутјуб.

https://p.dw.com/p/16CAb
Фотографија: picture alliance / ZUMAPRESS.com

Тужителката со своето барање нема изгледи за успех, цитира весникот „Лос Анџелес Тајмс“ делови од пресудата на судијата Луис Ланвин. Тужителката Гарсија, која игра во спорниот филм за пророкот Мухамед, сакаше со својата тужба да издејствува спорното видео да биде веднаш отстрането од Јутјуб. Таа истовремено вчера поднесе тужба и против продуцентот на антиисламскиот филм „Невиноста на муслиманите“, копскиот христијанин Накула Беселеј Накула. Актерката тврди дека била излажана околу намерите на филмот и дека добива смртни закани. Таа го тужи продуцентот за измама и нанесување душевна болка. Накула тврдел дека работи на авантуристички филм со дејство кое се одигрува во стар Египет. Синди Ли Гарсија може да се види во неколку сцени од филмот.

Делови од филмот на Јутјуб се наоѓаат уште од јули, но прво не предизвикуваа внимание. Дури на почетокот на септември, откако на египетската телевизија беше прикажана верзија на филмот синхронизирана на арапски, почнаа протестите на муслиманите. Во насилните протести досега животот го загубија повеќе од 30 луѓе. Јутјуб го блокираше пристапот до видеото во повеќе муслимански земји, но Гарсија сакаше судски да издејствува видеото сосема да биде отстрането од платфромата.