1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема договор за долгот на САД

25 јули 2011

На една недела пред крајниот рок, власта и опозицијата во САД се уште не можат да постигнат договор за зголемување на границата на задолжување

https://p.dw.com/p/122mc
Фотографија: picture alliance/dpa

Демократите и републиканците во САД се` уште не постигнале компромис околу подигањето на максималната граница на државно задолжување и покрај тоа што датумот на кој суперсилата ќе стане технички платежно неспособна се` повеќе се наближува. Американскиот претседател Барак Обама и демократите се против планот на републиканците за краткорочен договор за зголемување на лимитот на државниот долг, изјави претставник на Белата куќа по синоќешната средба меѓу Обама и демократски конгресмени. Со тоа пропадна уште еден обид на спротивставените страни да постигнат решение пред денешното отворање на азиските берзи, кои вознемирено реагираат на буџетската криза во САД.

Автор: ТТ/дв

Редактор: Горан Чутаноски