1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нелсон Мандела во сериозна здравствена состојба

Александар Методијев/ројтерс/афп/дв8 јуни 2013

Здравствената состојба на поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела е „сериозна во ова време“, изјави денеска претседателскиот портпарол Марк Махараџ.

https://p.dw.com/p/18m8a
Фотографија: picture-alliance/AP

Борецот против апартхејдот и првиот црн претседател во Јужнпоафриканската Република, сега веќе 94-годишниот Мандела, денеска беше однесен во болница поради појавување на респираторна инфекција.

„Утрово неговата ситуација се влоши и беше пренесен во болница во Преторија. Ситуацијата во моментов е сериозна, но докторите не уверија дека тој е стабилен“, изјави портпаролот на претседателот Јакоб Зума, Марк Махараџ.

Ова е второ хоспитализирање на Мандела во последниве два месеци. На шести април тој беше пуштен од болница, откако 10 дена беше лечен од пневмонија.

Нелсон Мандела мина три децении во затвор поради неговиот отпор кон системот на апартхејд во Јужна Африка. Неколку години по неговото ослободување тој стана претседател на земјата. Во 1993 година тој ја подели Нобеловата награда за мир со поранешниот претседател Фредерик Вилем де Клерк „за нивната работа на мирно уништување на режимот на апартхејд и за поставувањето на основите за нова и демократска Јужна Африка“.