1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Некои работодавци си играат со здравјето на работниците

Антоанела Димитриевска11 август 2013

И покрај препораките на Министерството за труд и социјална политика и Синдикатот, работниците да не’ работат во најтоплиот период од денот, сѐ уште има работодавци на кои профитот им е пред здравјето на работниците.

https://p.dw.com/p/19NZi
Фотографија: DW/A.Dimitrievska

Надлежните ова лето за првпат заедно им препорачаа на работодавците да ги ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години. Да се обезбеди адекватна вентилација и по можност климатизација на работниот простор, да се избегнува работа на отворено за време на најтоплиот период од 11 до 17 часот, да се воведе работа во две смени. Воедно им препорачаа да се обезбедат засолништа каде што вработените можат да се разладуваат извесен период во текот на работата, да се воведат почести паузи во текот на работата како и консумирање на течности.

Големите градежни фирми ги почитуваат препораките, малите не’

За разлика од лани кога ваквите препораки пред се' за неработење во најтоплиот период од денот од 11 до 17 часот  не' ги почитуваа 2/3 од фирмите во Македонија, ова лето според проценките на ССМ:

Baufirma Adora Engineering
Фотографија: Adora Engineering

 „Ваквите препораки не ги почитуваат нешто повеќе од 1/3 од фирмите,што значи препораките вродија со резултат“  потенцира за ДВ, Живко Митревски претседател на ССМ.

Тој воедно оценува „ваквите препораки главно ги почитуваат големите градежни фирми, а малите не“.

Еден од газдите на една велешка градежна фирма вели дека тие ја почитуваат препораката на надлежните и работат од 6 до 12 часот.На нашата забелешка дека ја пречекоруваат границата за еден час потенцира:

„Мора да се заврши работата, ние ги носиме работниците од Велес на работа во Скопје и други градови и не' можеме да работиме во две смени, затоа продолжуваме со работа еден час. Нас никој не не' прашува како ни е бидејќи нашата работа има рок на градба и мора да се заврши на време“.

Работниците кои од оправдани причини сакаат да останат анонимни, ни се жалат дека работата по 11 часот, за час, два или повеќе, тешко се одразува на нивното здравје, посебно на повозрасните работници:

„Тешко ми е, често и ми се лоши  бидејќи имам зголемен крвен притисок, но никој не не’ прашува како ни е. Ако подолго седнеме да одмориме викаат по нас да работиме или да ја напуштиме работата. Ова е исто како во робовладетелско„  велат огорчено работниците.

Во текстилните фирми врие како во котел

Само мало дел од газдите на текстилните фирми ги вклучуваат клима уредите. Деновиве кога живата се искачуваше околу 40-иот  целзиусов степен, во погоните поради прегреаните машини и без климатизираните простории буквално не се дише:

Baufirma Adora Engineering
Фотографија: Adora Engineering

„Четопати на многу од нас ни се лоши, а шефовите не’ ни даваат почесто да стануваме и се разладуваме со вода, а има и такви кои колабриираат, па мора да интервенира и медицинска екипа на Брза помош“ вели револтирана текстилни работнички во една велешка фирма, а  која од оправдани причини сака да остане анонимна.

Ригорозни казни за прекршителите

Од Министерството за труд и социјална политика деновиве информираа во јавноста дека направиле околу 100 инспекциски надзори од кои поголем дел редовни и неколку контролни. Притоа биле донесени 21 решение за забрана за работа поради неспроведување на мерките  и 11 решенија за отстранување на констатираните недостатоци од Законот за безбедност и здравје при работа.

Според новите законски измени, за оние фирми кои нема да се придржуваат до препораките, се предвидени казни од 5 до 8 илјади евра за правното лице и 500 до  1 000 евра за раководното лице.

Од градежниот синдикат предлагаат „препораките да се вметнат во тендерските и облигационите договори со што би се намалил обемот на работа во кризните денови, без никој да претрпе штета. Воедно би се заштитиле и безбедноста и здравјето на работниците“.