1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неизвесност за германските преставници во купот на УЕФА

1 декември 2006

Германските пртеставници во фудбалскиот куп на УЕФА во последното коло од натпреварите по групи ќе се борат за пласман во натамошната рунда. Судбината на Баер Леверкузен ја доживеа и Ајнтрахт Франкфурт, кој синоќа на домашен терен не успеа да постигне гол против Њукасл.

https://p.dw.com/p/AehD
Сотириос Кирјакос-Ајнтрахт Франкфурт
Сотириос Кирјакос-Ајнтрахт ФранкфуртФотографија: AP

Два германско турски дуела ќе решаваат дали Германија напролет ќе има свои преставници во купот на УЕФА. Ајнтрахт Франкфурт по синоќешните 0:0 против Њукасл, во последното коло ќе мора да победи против Фенербахче. Истата задача ја има и Баер Леверкузен во дуелот против Бешикташ.

Хулиганскиот однос на холандските навивачи беше причина за прекин на натпреварот Нанси Ротердам во 79 минута при резултат 3:0 за францускиот преставник. Полицијата мораше да интервенира и со солзавец да ги смирува насилниците кои на теренот фрлаа столчиња од трибините. Натпреварот подоцна беше продолжен.

Во останатите синоќешни дуели беа постигнати следниве резултати.

Селта Виго Фенербахче 1:0, Висла Краков- Базел. 3:1, Ајакс- Еспањол 0:2, Австрија Виена-Спарта Прага 0:1, Млада Болеслав- Парис Сен Жермен 0:0. Идентично беше и на дуелот меѓу Панатинаикос и Рапид Букурешт.