1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неизвесноста останува

12 март 2008

Сенаторот Барак Обама победи во сојузната држава Мисисипи во предизборите за претседатеслки кандидат кај американските демократи. Победата му го потврди водството на Обама пред ривалoт Хилари Клинтон, не и кандидатурата.

https://p.dw.com/p/DN4T
Барак Обама води пред Хилари КлинтонФотографија: AP

Како и што се очекуваше, сенаторот Барак Обама ја порази неговата противкандидатка Хилари Клинтон во Мисисипи. Државата е претежно населена со афроамериканци така што победата на црниот сенатор беше однапред позната.

„Ова е уште една победа во низа за нас. Многу сум им благодарен на граѓаните на Мисисипи за поддршката. Се трудиме полека но сигурно да покажеме дека на оваа земја навистина и е потребна промена“, рече Обама за СиЕнЕн. Според Обама сега и граѓаните на Мисисипи „им се придружле на милиони Американци од сите делови на земјата кои решиле да свртат нова страница и се подготвени за промени“.

Гласањето во Мисисипи не донесе промени

Победата во Мисисипи, само му донесе предност на Обама пред Хилари Клинтон. Сега тој има поддршка од 57% на државно ниво, додека Клинтон има 41%. Следното соочување меѓу Клинтон и Обама е на 22 април во државата Пенсилванија, каде двајцата се борат за 158 гласови на делегатите. Поранешната прва дама е подготвена за новите предизвици во кампањата.

„Возбудена сум за она што ќе се случува во следните шест недели, патување наоколу,од Филаделфија до предградијата низ оваа убава земја. Зборувајќи за она што сакаме да го постгигнеме во следниот претседателски мандат, бидејќи тоа е одлука којашто мора да ја донесеме заедно. Вие одлучувате за тоа кој ќе биде најдобриот претседател за Филаделфија, Пенсилванија, и за Америка и светот“, порача Клинтон.Но, како што сега стојат работите, ниту еден од двајцата кандидати нема да ги има потребните 2025 делагатски гласа потребни за номинација, така што пресудни ќе бидат гласовите на 800, таканаречени „супер делегати“. Конечниот избор, за тоа кој ќе му се спротивстави на републиканскиот претседателски кандидат Џон Меккејн, ќе биде на партиската конвенција во август.