Незапаметена загуба за македонската армија
14 јануари 2008Реклама
Солзи,скаменети лица,деца,родители,сопруги,целиот македонски врв беше заедно со роднините на 11-те загинати мировници.
Тие загинаа при падот на хеликоптерот со кој се враќаа во земјата во близина на скопскиот аеродром.
Нив ги нарекоа херои,амбасадори на Македонија,врвни НАТО профеционалци,македонска легитимација за добро обучена и способна армија.Началникот на Генералштабот на македонската армија,генерал Мирослав Стојановски,говореше војнички,со зборот на човечноста.
Посмртните останки на загинатите ќе бидат погребани утре,а утрешниот ден е прогласен за ден на жалост во Македонија.