1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Незадоволство од новиот визен режим

Вера Тодоровска 9 јануари 2008

Во пограничните области на Македонија кон Албанија, со вчудовидување и неодобрување се прими веста за новиот визен режим, што треба да се воведе од 1 февруари.

https://p.dw.com/p/Cn2B
ДебарФотографија: Petar Stojanovski

Наместо либерализација на визниот режим што го најавуваа двете земји, слободен протек на луѓе и стока, веста за новата прекугранична процедура што од идниот стапува на сила, во неколку македонски гранични области ја примија со вчудовидување. Посебно од оваа одлука ќе биде погоден бизнисот, што особено во дебарскиот крај буквално живее од прометот и услугите што ги прават граѓаните од соседна Албанија.

Кај дел од трговците се чувствува разочарување, а можеби и паника за понатамошната нивна иднина. Оваа одлука ќе има негативно влијание и во бањскиот туризам, сметаат одговорните менаџери.

Инаку револт во врска со промената на визиниот режим со Албанија, во името на граѓаните на Дебар и Струга, трговиците, угостителите и невладиниот сектор од овие општини искажа дебарскиот градоначалник Аргетин Фида.