Незадоволство на улиците на Бангкок
1 ноември 2011На северот на Бангкок водата се’ уште достигнува до колкови. Ситуацијата меѓутоа треба да се подобрува, најави владата. Но, луѓето овде тоа не го забележуваат. Напротив. „Водостојот беше стабилен и се чинеше дека опаѓа. Затоа се вративме. Меѓутоа сега повторно се искачува. Сега е предоцна повторно да заминеме. Куќата ни е еден метар под вода.“
Многу жители во предградијата ја обвинуваат владата за покачувањето на водостојот. Нивните населби се жртвуваат, за трговскиот центар да не биде поплавен. Тие бараат да се отворат насипите. „Гледате колку вода има. Смрди. Како може овде да се живее? Владата никогаш не не’ слуша. Тие го штитат само центарот на градот.“
Некои се обидуваат на своја рака, да ги отворат насипите и да ја испуштат водата. Доаѓа до спорови со полицијата. Имено властите предупредуваат: водата која истекува би можела да ги поплави индустриските области и да надојде во главниот канал во центарот.
Автор: дв/ АТ
Редактор: С. Недевски