1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Недоволно обезбедени атомски материјали

12 јануари 2012

Атомските материјали во постројките низ светот не се секогаш доволно обезбедени и можат да паднат во рацете на терористи, покажа една американска студија.

https://p.dw.com/p/13hzd
Фотографија: picture-alliance/dpa

Невладината организација „Нуклеар трит иницијатив“ побарала од експертите да извршат рангирање на безбедноста на атомскиот материјал во 32 земји. Притоа се работи за складишта со најмалку еден килограм високо облагороден ураниум, од кој може да се произведе атомско оружје. Заклучокот на научниците е дека Пакистан, Северна Кореја и Иран се земји со најнеобезбедени атомски материјали. Студијата тврди дека потои опасност атомски материјали оттаму да бидат украдени и да се најдат во рацете на терористи или на црниот пазар. Најсигурни се нуклеарните материјали во Австралија, Унгарија и Чешка.

Автор: ЖА/СН/дв

Редактор:Е. М. Фиданоска