1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Негувателката на животни Штефани Данцер од Дуизбург

1 декември 2010

Секојдневно му гледа на тигарот в очи, стои пред роговите на бизонот, или ги гали камилите. Притоа, Штефани Данцер не живее во егзотична земја. Таа работи како негувателка на животни во Зоолошката градина во Дуизбург.

https://p.dw.com/p/QDUy

Денот на Штефани Данцер почнува рано. Будилникот ѕвони околу 6 часот... Таа не е „ранобудник“, но, животните во Зоолошката градина ја чекаат, а Штефани Данцер ги сака тие животни. И покрај тоа што е рано, таа е добро расположена кога го напушта станот во 6.45 часот.

Gesichter Deutschlands Porträt StDaP2
Тешките кутии со храна за животните мора да ги носи самаФотографија: DW

Повеќе од половина живот 37-годишната жена работи како негувателка на животни во дуизбуршката Зоолошка градина. Високата, силна жена претпочита лежерна, спортска облека. Тоа одговара на работата на Штефани Данцер. Таа главно се состои од чистење и е навистина физички напорна, на пример, кога до кафезите ги носи тешките кутии со моркови, целер и зелка за да ги храни животните.

Ги „чита“ лицата на животните

Со текот на времето научила да ги „чита“ лицата на животните како што ги чита криминалистичките романи во слободното време. Штефани смета дека како негувател на животни тоа мора да го знае. Така Штефани одлично излегува на крај со своите штитеници, се‘ едно дали се тоа птици, бизони, бодликави прасиња, марабу-птици, носорози, диви кучиња, или сибирски тигри. Проблеми има само со жеравите и со два лава. „Кај нив стојам најгоре на листата за јадење.“

Gesichter Deutschlands Porträt StDaP3
Обострана љубов со камилите - тие сакаат да се милуваатФотографија: DW

Штефани најмногу ги сака големите камили, иако еднаш некоја камила ја каснала. Тоа што и‘ се допаѓа на Штефани кај камилите е што тие го бараат друштвото на луѓето. „Камилите можете да ги допрете. Тогаш тие почнуваат да се смешкаат, доаѓаат со носевите и сакаат да ги погалите“.

На светско првенство во рагби во Нов Зеланд

Штефани, пак, бара блискост со нејзиното момче Андреас, сака да се гушка со него. Тие двајцата делат еден модерно наместен стан со две мачки и еден пес. И дома Штефани не сака да се откаже од животни. Тие и‘ се дури помили од деца. Поради тоа не сака да има свои. Нејзиниот пријател веќе има две возрасни деца од претходниот брак. Со него се запознала преку возењето моторцикл. Тоа им била зедничка страст на двајцата, се‘ додека Андреас пред две години не се разболел од една нервна болест. Сега веќе не може да вози мотор и тој стои неискористен во подрумот. Андреас исто така веќе не може да работи. Затоа, пак, и‘ помага на Штефани во домаќинството, и подготвува сендвичи што таа ги јаде на паузата за ручек во Зоолошката градина. Да остане дома поради една болест? Не! Штефани Данцер има планови: во 2011 година сака со Андреас да оди на Светското првенство во рагби во Нов Зеланд.

Gesichter Deutschlands Porträt StDaP4
Со момчето Андреас се запознала преку хобито - возење моторциклФотографија: DW

Затоа го штеди секој цент и работи дополнително три дена во неделата попладне на една бензинска пумпа. Иако нејзиниот пријател, всушност, е љубител на фудбалот.

Автор: Дебарати Гуха / Виолета Вај

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска