Невреме во Германија
10 август 2007Реклама
Две лица загинаа во невремето кое синоќа ја зафати германската покраина Северна Рајна Вестфалија. И двајцата мажи настрадале во одделни инциденти при обидот да ја испумпаат водата од сопствените куќи. Во одделни градово во текот на ноќта беа поплавени и повеќе улици и подруми. Поради високиот водостој прекинат е бродскиот сообраќај на оделени делници по реката Рајна. Властите очекуваат дека ситуацијата ќе се смиири и нема да се случат големи поплави.