Невремето во Букурешт однесе една жртва
12 јули 2007Реклама
Еден човек синоќа загина во Букурешт поради силното невреме проследено со дожд кое го зафати градот. Околу десетина лица се повредени од скршени стакла и паднати кровови. Силниот ветар и дожд околу половина час го блокирале и движењето во градот, а неколку кварта останале без струја.