1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Невработеноста во Германија останува висока

6 април 2004

На работниот пазар во Германија во март не се забележува заживување на конјунктурата.

https://p.dw.com/p/AeRg
Хајнрих Алт - Управа за труд
Хајнрих Алт - Управа за трудФотографија: AP

Во март како невработени беа пријавени 4,5 милиони. Тоа се 93.000 помалку отколку во феврувари. Доколку се стават настрана сезонските влијанија, тогаш состојбата на работниот пазар е заострена, тогаш бројот на невработените во март се зголеми за значајни 44.000, смета Хајнрих Алт член на управата на Уредот за труд

“Со тоа невработеноста повторно неповолно се разви. Причина за тоа е слабиот економски развој, кој на работниот пазар сеуште неможе да му даде одлучувачки импулси.“

Економската слабост се остликува и врз бројот на слободни места. Во биротот за вработување пријавени се помалку места. Претпријатијата повеќе укинуваат работни места отколку што отвараат нови. Поради ова биротото за вработување во март посредуваше за помалку работни места отколку во истиот месец пред една година.

Економската слабост го притиска и врз слободните места за надобразба. Денеска беа објавени и првите бројки. Според сојузната агенција за вработување регистрирани се десет проценти помалку понуди за слободни места. Истовремено бројот на пријавените се зголеми за три проценти.