Невработеноста во Германија и натаму опаѓа
30 октомври 2007Реклама
Бројот на невработени во Германија, првпат по 12 години е под границата од 3,5 милиони. Според проценките на експертите, во октомври биле регистрирани 110 илјади невработени помалку во споредба со претходниот месец. Официјалниот број невработени во октомври изнесува 3,43 милиони.