Невработени – Германија
2 мај 2007Реклама
Сојузниот уред за труд во Германија денеска ги објави податоците за невработеноста во месец април. Според нив,како што соопшти вчера и министерството за труд, бројот на невработени првпат по повеќе од четири години е паднат под границата од четири милиони. Според експертите главна причина за паѓањето на бројот на невработените е полетот на економијата.