1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Јужен Судан му се заканува граѓанска војна

АТ/ дпа/ афп/ ртр19 декември 2013

Јужен Судан е една од најмладите држави во Африка. Земјата сега стои пред опасноста од граѓанска војна. Крвави борби во меѓувреме се водат во целата држава. Будесверот ги евакура германските државјани.

https://p.dw.com/p/1Acgm
Фотографија: Reuters

Јужен Судан сѐ повеќе тоне во насилство. Од неделата во земјата се водат борби, во кои според официјални податоци досега загинале повеќе од сто луѓе. Откако се смири состојбата во главниот град Џуба, борбите меѓу ривализираните трупи на јужносуданската армија се одвиваат пред сѐ во градовите во провинцијата.

Јужан Судан се вбројува меѓу најслабо развиените земји во светот, која се снабдува со девизи исклучиво преку своите резерви со нафта.

Конфликтот врие пред сѐ меѓу претседателот Салва Кир и неговиот ривал Рик Машар. И двајцата политичари мешѓусебно се обвинуваат за заострување на ситуацијата. Машар наводно поттикнувал пуч против претседателот. Критичарите на Кир пак во борбите гледаат обид на јужносуданскиот претседател да го отсрани несаканиот противник. Освен тоа неговите некогашни придружници во поранешната бунтовничка организација, сега владејачко Движење за народно ослободување на Јужен Судан, го обвинуваат за „диктаторско“ однесување. Во меѓувреме Кир на своите противници им понуди разговори за решавање на кризата.

Германското министерство за надворешни работи соопшти дека Бундесверот добил налог за повлекување на останатите германски државјани во оваа земја. За таа цел се испратени авиони во Јужен Судан. Меѓу Германците кои во моментов се во Џуба е и командантнот на Оперативната команда на германската армија, генерал-потполковник Ханс-Вернер Фриц. Со тројца други војници Фриц во моментов се наоѓа на одамна планирано служебно патување во Јужен Судан. Уште 16 други војници на Бундесверот се стационирани во други градови на земјата во рамките на мисијата на ОН. Тие засега ќе останат на тие позиции.

Mali Bundeswehr in Koulikoro
Бундесверот ги евакуира германските државјани од Јужан СуданФотографија: DW/S. Blanchard

Борбите предизвикаа бегалски бранови. Околу 20.000 цивили пристигнаа во двете згради на ОН во главниот град Џуба.

Генералнито секретер на ОН, Бан Ки Мун изрази голема загриженост за развојот во Јужен Судан и се заложи за политички дијалог.