1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На шопинг во Њујорк

5 мај 2007

Еврото достигна рекорден курс. Деновиве доларот беше толку ефтин во однос на еврото како никогаш досега од воведувањето на заедничката европска валута. Ова ги радува американските експортери. Но и германските туристи или?

https://p.dw.com/p/AeIb
Доларот паѓа, туристите се радуваат
Доларот паѓа, туристите се радуваатФотографија: AP

Германските туристи се воодушевени, како и ова младо момче од Визбаден, кој всушност е на патување за учење на јазикот. „ Да, отприлика за 1200 долари си купив работи оти курсот за промена на валутите е поволен, инаку за истите работи би платил околу 2.000 можеби дури и три илјади евра.”

Неговата соученичка е поскромна „Да на пример кај чевлите, кои кај нас чинат 90 евра, овдека само 20 до 30 долари. Или на пример поло маичките, во Германија чинат околу 70 евра, овдека 10 до 20 долари.”

Поради поволната вредност на доларот шопингот во Њујорк е толку привлечен како што одамна не бил. На пример Најк патики во продавница во Њујорк чинат 73 евра, а во Берлин истите патики може да се купат за 140 евра.

Некои можат да си дозволат и повеќе како еден човек, кој живее во Франција, а сега ужива во полуксузен одмор, токму поради поволниот курс на доларот „А да сигурно, во хотелот изнајмивме навистина добра соба, претходно бевме пет дена на Флорида и си дозволивме повеќе работи од вообичаеното. Земавме и голем автомобил.”

Но не само туристите, и градот Њујорк и хотелиерите се радува на бранот посетители. Но кои се причините за овој последен пад на вредноста на доларот. Нариман Беравеш шеф економист на Глобал Инсајт „Силината на еврото во последните 3 до 4 години беше пред се’ во огромните американски дефицити во однос на услугите. Кон ова се надополнува и фактот што сега евро зоната посилно расте отколку американската економија.”

Спорет Беравеш, долраот сеуште и не го достигнал дното „Доларот би можел да падне и до вредност од 1,50 - значи дополнителни десет проценти, додуша не веднаш, туку во наредните 2 до 3 години.”

Добра вест, барем за туристите од Европа. Но шопингот има и граници, како што раскажува и оваа туристика од Германија, на улиците во Њујорк „Да, цените се многу поволни во однос на оние во Европа, мора да се каже. Но бидејќи имаме ограничување од авио компаниите во однос на тоа колку смее да тежи нашиот багаж тешко е да се купи помалку отколку што сакаме.”