На Холандија и‘ е одземена најдобрата рејтинг оценка
29 ноември 2013Изгледите за пораст на Холандија не се толку добри како што досега се мислеше, соопшти „Стандад и Пурс“. На холандската влада најверојатно ќе и‘ биде тешко да ги постигне буџетските цели, оцени рејтинг агенцијата и ја намали оценката за оваа членка на ЕУ.
Со тоа, во светот останаа само уште десет земји, од кои сеудм во Европа, кои од страна на рејтинг агенциите „Стандард И Пурс“, „Мудис“ и „Фич“ се оценети со највисока оценка.
Инаку, „Стандард и Пурс“ ја подобри оценката за перспективата за кредитна способност на Шпанија, која сега е дефинирана како „стабилна“. Аналитичарите сметаат дека јужната европска држава во криза ќе успее да ја задржи оценката БББ-. Како образложение за ваквиот став се наведува фактот дека Шпанија во моментов профитира од опоравувањето на стопанството кое напредува.