1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Хималаите загинаа најмалку деветмина планинари

ЕМФ/дапд/ард23 септември 2012

Во лавината на планинскиот врв Манаслу во Непал загинаа најмалку деветмина планинари, меѓу кои и еден Германец. Како исчезнати се водат уште најмалку четири лица.

https://p.dw.com/p/16D02
Фотографија: Reuters

Меѓу деветтемина загинати има и водич од Непал. Останатите лица кои го загубија животот во лавината на планинскиот врв Манаслу, кој е осми по височина во светот, се‘ уште не се идентификувани. Тринаесетмина планинари, меѓу кои и двајца Германци, тројца Французи и еден Непалец, се спасени. Тие се префрлени со хеликоптер во болница во Катманду. Дел од групата планинари, составена од над дваесет луѓе, биле повеќемина Европејци, меѓу нив и Италијанци. Се‘ уште не е утврден точниот број планинари и нивната националност.

Портпаролот на полицијата Басанта Бахадур Кувар изјави дека временските услови се екстремно лоши и дека акцијата за спасување на исчезнатите морала да биде привремено прекината. Планинарите во моментот на лавината се наоѓале на височина од седум илјади метри. Врвот Манаслу инаку е висок 8136 метри. Во Непал сега почнува есенската сезона на искачување на Хималаите.