На повидок штрајк на машиновозачите
6 август 2007Реклама
Во тарифниот конфликт со Германската железница на повидок е штрајк. Синдикатот на машиновозачите денеска ќе го објави резултатот од гласањето, и ако се потврдат прогнозите и членството во голем број гласа за штрајк тогаш уште во среда ќе има големи задоцнувања на возовите. Синдикатот имено бара зголемување на платите на машиновозачите за 31 процент. Раководството на Германски железнци го одбива ова барање.