1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На одмор без службениот мобилен

Гинтер Биркеншок/ Александра Трајковска5 јули 2012

Преку СМС, имејл или едноставно телефонски повик денес сме постојано достапни, и тоа не само приватно, туку и службено. Последиците од тоа: се’ повеќе психички заболувања.

https://p.dw.com/p/15RVY
I
Фотографија: picture alliance/ZB

Стендбај модусот не им ги троши батериите само на електричните уреди, туку им ја краде силата и на луѓето, доколку постојано се достапни да одговорат, на пример, на повик преку мобилниот телефон или, пак, на имејл. Ова меѓутоа за многумина вработени е секојдневие. Според една анкета на хајтек сојузот Битком, 88 проценти од вработените вон регуларното работно време се достапни за клиените, колегите и претпоставените. Германскиот сојуз на синдикати затоа бара од владата во Берлин јасни правила. Анели Бутенбах, член на уравниот одбор на сојузот на синдикатите, уште поконкретно бара законот за работни односи да биде надополнет со анти-стрес одредба.

Право да се исклучи мобилниот телефон

Министерката за работни односи Урсула фон дер Лајен неодамна се заложи за јасна подлеба на работното и слободното време: „Мора да постојат сосема јасни правила во едно претпријатие, што се однесува до културата за користење мобилни телефони и комуникацијата преку имејл. Овие правила мора да ги утврди работодавачот и вработение да ги користат. Онака како што има мерки за заштита при работа, како сини шлемови, мора да има и заштита при работа од психички аспект. Во слободното време телефонот не треба да ѕвони“, вели Фон дер Лајен.

Deutschland Bundespräsident Kandidatin Ursula von der Leyen
Урсула фон дер ЛајенФотографија: dapd

Веќе долго време медицинарите и психолозите го поврзуваат енромното покачување на психичките болести со стресот, кој се појавува поради тоа што луѓето се постојано достапни. Во изминатите десет години бројот на ваквите заболувања е покачен за речиси 100 проценти, вели за ДВ психологот Сабине Корек од универзитетот во Лајпциг.

Помалку одмор, повеќе семејни конфликти

Постојаната достапност води до тоа ресурсите да се користат за работа, кои потоа недостасуваат на друго место: „Тоа е како батерија, која постојано мора да биде наполнета. Времето, кога се полни станува се’ пократко, бидејќи и по работното време, на викенд или на одмор, луѓето мораат да се занимаваат со работи кои се поврзани со работата“. Последица од ова е се’ помалку време за приватниот живот и семејството. Имено, луѓето физички се присутни, но во мислите и натаму се занимаваат со работата. Влијанието е јасно и штетно: „Фазите за одмор стануваат се’ пократки, семјните конфликти се’ почести“. Психологот Корек смета дека има повеќе фактори кои се одговорни за моменталната состојба. Психичкиот притисок врз работниците се зголемува со постојаниот пораст на работните задачи. Честопати има повеќе работа отколку што може да се заврши во официјалното работно време. „Поради тоа работата се префрла во слободното време“, смета Сабине Корек.

Sabine Korek KEIN AUFMACHERBILD / SCHLECHTE QUALITÄT
Сабине КоракФотографија: privat

Потребна ни е понаква работна култура

Фактот дека работно време се’ повеќе го окупира слободното време е структурен проблем, смета Корек: „Мислам дека во Германија постои слика дека само тогаш некој е добар соработник или одличен шеф, ако работи многу и долго. Ваквата култура на долги работни часови мора да биде променета, за луѓето да се придвижат во слободното време или на викендите да не се занимаваат со работата“. Во Скандинавија, на пример, владеат сосема поинакви работни обичаи. Оној кој таму минува подолго време од вообичаеното во канцеларија, шефот го прашува дали за работата му е доволно времето. Да се работи подолго или работата да се носи дома, таму не е некаква чест.

Исклучени мобилни телефони

Symbolbild Arbeiten im Urlaub
Фотографија: picture-alliance/Chad Ehlers

Високата цел, да се промени работната култура, практично може сосема едноставно да се промени, смета Сабине Корек: „Неопходна е законска регулатива. На пример, може да се размисли да се блокираат мрежните поврзувања навечер од десет часот до утрото до шест часот, за да се изнуди пауза“. Притоа се мисли се разбира само на оние поврзувања меѓу работниците и нивнтие работодавачи. Колку често во своето слободно време луѓето го користат интернетот, купуваат онлајн или ги користат социјалните мрежи, е нивна лична работа.

Проблемот не е нов, а некои претпријатија веќе реагираа. Така на пример Работничкиот совет на Фолксваген за своите вработени на крајот на 2011-та воведе „Блекбери пауза“ по работното време. Енергетското претпријатие Еон забрани да се испраќаат или одговараат служебни мелјови по 20 часот. Германски телеком експлицитно бара од своите вработени во слободното време или на одмор да не водат службени разговори или да одговараат служебени мејлови. За ова да стане навика ширум Германија, Сабине Корек смета дека политиката треба поинтензивно да се занимава со овој проблем и да не остане само осамениот херојски апел на министерката за труд и социјална политика.