1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Мурси ќе му се суди и во трет процес

Александар Методијев/дпа/ројтерс/афп21 декември 2013

На соборениот египетски претседател Мохамед Мурси ќе му се суди за бегство од затвор за време на немирите во 2011 година против неговиот претходник Хосни Мубарак, објави денеска (21.12.) египетското јавно обвинителство.

https://p.dw.com/p/1AeUO
Фотографија: Khaled Desouki/AFP/Getty Images

Мусри е обвинет заедно со 132 други лица, меѓу кои има и членови на неговото Муслиманско братство, на палестинската милитантна група Хамас и либански Хезболах. Лицата се обвинети за бегство од затвор и убиство на полицаец.

Овој случај е поврзан со масовното бегство од затвор за време на нередите во 2011 година. Обвинителството ги обвинува Братството, Хамас, Хезболах и џихадистичките милитанти за напади на затворите и полициските станици во првите неколку дена од револтот кој беше насочен против диктаторот Хосни Мубарак. Во тие нереди илјадници затвореници побегнаа од затворите. Обвинителството тврди дека тие ги нападнале затворите за да ослободат исламистички затвореници. Меѓу оние кои побегнале од затворите е и Мурси.

Тој во телефонско интервју за телевизиска станица, дадено кратко по неговото бегство од затвор, изјави дека стражарите се повлекле и затворениците едноставно излегле од своите келии.

Првиот демократски избран претседател на Египет се соочува и со други два судски процеси. Во еден од нив тој е обвинет за поддржување тероризам и за повредување на националната безбедност преку конспирации со странски организации. Во другиот тој е обвинет за поттикнување на убиства на демонстрантите и овој процес ќе продолжи на 08.01.2014 година.