На македонските затвори се‘ уште им треба подобрување
20 декември 2012За време на посетата во 2011 година, делегацијата на КПТ посебно се занимаваше со затворските услови во Идризово, за кои имаше бројни препораки по претходните посети. Најновиот извештај на КПТ забележува дека насилничките акти од страна на некои чувари врз затворениците, застрашувањата и насилството меѓу затворениците остануваат и понатаму значаен проблем. Друг проблем се затворските услови, кои се целосно незадоволителни за најголемиот број од затворениците во овoј затвор (како на материјален план, така и на план на затворскиот режим).
Во извештајот на КПТ се наведува дека се потребни радикални измени за да се надминат слабостите, при што на македонските власти им се препорачува професионално раководење со затворите.
Кога станува збор за лицата кои се превентивно затворени во затворите во Скопје и Тетово, извештајот ги повторува претходните долгогодишни препорки на КПТ за затворените лица кои се сместени во колективни ќелии да имаат најмалку 4м2 животен простор, како и подобрување на материјалните услови. КПТ го критикува исто така и заворскиот режим кој затворениците ги држи по 23 часа дневно во нивните ќелии.
КПТ дава и специфични препораки за начинот на однесувањето и третманот кон малолетниците кои се превентивно затворени во затворот во Скопје и во воспитно-казнениот центар во Тетово.
Македонските власти во одговорот на извештајот на КПТ, за кој дадоа согласност да биде објавен, даваат серија на информации за акциите кои се преземаат за спроведување на дело на препораките на Комитетот за превенција на тортурата, посебно строгите мерки кои се однесуваат на затворскиот персонал кои користат прекумерна сила врз затворениците, какои за подобрувањето на материјалните услови во посетените затвори.