На Македонија и се потребни демократски избори
19 мај 2008Реклама
Во Македонија изминува првата половина од изборната кампања со истите симптоми и играчи но со променета партиска реторика. По три дена, вчера во Тетово повтроно беа испукани куршуми и се случи насилство.
Претставниците на меѓународната заедница ги повторуваат своите пораки „Македонија има силни и јасни евроатлански аспирации. Еден од условите се демократски избори.“ кажа Крис Хеншоу директор на американскиот Национален демократски институт.