1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Македонија и е потребно демократско прегласување

Александар Чомовски 13 јуни 2008

Во очи прегласувањето в недела, врз македонските власти се зголемува притисокот да се овозоможат фер и демократски услови при прегласувањето во речиси 200 изборни единици во земјата.

https://p.dw.com/p/EIw2
Барање прегласувањето да мине без инцидентиФотографија: DW

Прегласувањето во недела на 15 јуни е последната шанса на Македонија да ги покаже своите демократски капацитети и да организира фер избори.Присокот за тоа е зголемен како од меѓународната заедница така и од домашната политичка и медиумска јавност.

Словенија како претседавач на ЕУ, денеска во Скопје го испраќа министерот за надворешни работи Дмитриј Рупел кој од државно владиниот врв и паритските шефови ќе побара да ги спречат евентуалните насилства и изборни нерегуларности. Меѓународната заедница предупредување испрати и преку двајцата министри за надворешни работи и одбрана Антонио Милошоски и Лазар Еленовски, кои деновиве во Париз и Брисел имаа средби со шефовите на дипломатиите на земјите на ЕУ,САД и генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер.