1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Кипар му се потребни пари од ЕМС

ЕМФ/дв17 септември 2012

Кипар има намера при санацијата на буџетот да дејствува на две шини. Од една страна сака да се засолни под чадорот за спас, а од друга се надева на директна помош за своите банки.

https://p.dw.com/p/16A9P
Фотографија: picture alliance/chromorange

Откако Кипар на крајот на јуни најави дека сака да се засолне под постојаниот чадор за спас ЕМС, сега шефот на централната банка Паникос Деметријадес побара и директна рекапитализација на кипарските банки од средства од ЕМС. Тој за весникот „Ханделсблат“ изјави дека ваква директна рекапитализација од 2013 година е многу важна за неговата земја. Програмата за помош на ЕУ, ЕЦБ и ММФ, според неговите наводи, треба да биде на располагање од октомври. Деметријадес не исклучува на Кипар да му бидат потребни кредити од ЕУ и од ММФ цели пет години. Една од причините за кризата во Кипар се високите загуби што кипарските банки ги направија со грчки државни обврзници.

За разлика од Шпанија, Кипар не само што бара директна помош за своите банки, туку сака целосно да се најде под чадорот за спас. Затоа земјата на крајот на јуни поднесе барање за финансиска помош. Преговорите за можен пакет за помош продолжуваат денеска (17.09) Министерот за финансии Васос Шиарли изјави дека се надева на постигнување согласност со таканаречаната Тројка, односно ЕУ, ЕЦБ и ММФ, во рок од еден месец.