1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Исток

5 ноември 2009

И по 20 години од обединувањето Германија е се‘ уште поделена. Мал бројот матуранти од Западот се одлучуваат за студии на Исток. Затоа во Лајпциг има понуда за бесплатно сместување само за студенти од западниот дел.

https://p.dw.com/p/KIK4
Со трабант во ЛајпцигФотографија: Universität Leipzig

Патриција Шумахер ни го покажува нејзиниот стан во Штамштрасе во Лајпциг, сосема професионално како да е агент за недвижнини. Станот се наоѓа во санирана стара зграда, има три соби со 68 м2: „Бањата не мала, но за нас тројца тоа е доволно.“ Од бањата одиме во кујната, социјалното место за средби: „Тука сме пред и по факултет. Тим готви, понекогаш само компири, но и тоа е сепак нешто.“

Пријавување на лаптоп

Abenteuer WG Bild 3
Среќни во Лајпциг: Тим, Патрициа и НинаФотографија: Universität Leipzig

Тим Фолмер не реагира на ироничните забелешки, седи и го меша жешкиот чај на масата. Студентот по математика е единствениот станар, во заедничкиот стан во Лајпциг наречен „авантура“. 20-годишниот студент и самиот е изненаден што го примиле кај нив: „Пријавата ја пишував сосема опуштен кога бев на одмор и седев покрај базенот со мојот лаптоп. Едноставно се претставив каков сум: љубезен, едноставен и иден обожавател на Лајпциг.“

На студентките од Лајпциг им се допадна ваквата комбинација. Тим Фолмер си обезбеди соба во заедничкиот стан со Патриција Шумахер и Нина Хајнрих. Триото тргна кон Исток со трабант, од родните градови во Хесен односно Рајнланд-Фалц, како што доликува.

Патување во неизвесност

Abenteuer WG Bild 5
Станот е целосно опременФотографија: Universität Leipzig

Сите студенти потајно сонуваат за сместување во заедничките станови во Лајпциг: киријата и мебелот им се спонзорирани, тие треба да ги платат само додатните трошоци.Името на заедничките станови „авантура“ можеби не е сосема соодветно, оти сите соби се комплетно наместени со кожни фотељи и елегантна кујна. Сепак „авантура“ е вистинското име, поради тоа што за многу западни Германци патот на Исток се‘ уште претставува пат кон неизвесноста. Универзитетите помеѓу Росток и Фрајберг се’ уште позасегнати, оти имаат се помал број студенти.

Ненси Бејер го координира проектот „авантура-заеднички станови“ за Универзитетот во Лајпциг: „Бројот на студенти во новите покраини е навистина во опаѓање.“ Една од причините за дефицитот е намалената стапка на наталитетот по обединувањето. Но според Бајер, проблем е и лошиот имиџ: „Многумина од Западот се‘ уште сметаат дека Истокот е многу тмурен, монотон и сиромашен. Само пет проценти од западногерманските идни студенти можат да си замислат да се запишат на некој источногермански универзитет.“

Да се надминат предрасудите


Abenteuer WG Bild 6
Тим во новиот креветФотографија: Universität Leipzig

Но, предрасудите ќе ги снема само што ќе зачекорите на Истокот. 19-годишната Нина Хајнрих од Крифтел, кај Франкфурт на Мајна, се доселила во заедничките студентски станови: „Пред да дојдам првпат овде многу се размислував. Кога пристигнав и го запознав Лајпциг и целиот регион, морав брзо да го сменам моето мислење.“Сега Нина Хајнрих им го препорачува Истокот на пријателите и познаниците. Таа се чувствува одлично во градот познат по саемот.

Дали студентски станови ќе го променат мислењето за Истокот кај западните Германци, ќе покаже времето. Сепак има позитивни сигнали за зголемен број студенти од Западот. Нина, Патриција и Тим се задоволни што отидоа на Iсток. Универзитетската управа веќе размислува да им го продолжи договорот за изнајмување на станот, од еден семестар на неопределено време. Овие поволности ги добија под услов на еден блог на интернет да известуваат за нивните искуства од студиите и сместувањето. Тоа е уште една реклама за Истокот.


Автор: Свен Небрих / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Александра Трајковска