На Грција и се заканува нова финансиска дупка?
17 јули 2013На Грција и се заканува нова финансиска дупка до десет милијарди евра. Непосредно по летната пауза, земјите на еврото ќе мора да донесат одлука за натамошно финансирање на грчката програма за помош, изјави висок службеник на ЕУ Комисијата за денешното издание на весникот „Зиддојче цајтинг“. Пред германските парламентарни избори на 22. септември меѓутоа не треба да се смета дека ќе има конкретни одговори, како би можела да се затвори дупката, пишува весникот.
Слична дебата се водеше неодамна. Повод беа првичните прогнози на Меѓународниот монетарен фодн (ММФ), според кои се отцртува потребата за дополнителна помош во висина од милијарди за Грција во 2014 година, и покрај напредокот на програмата за штедење на земјата. Неофицијално во прашање било ново бришење на долговите за кризната земја. Германската влада ја оди дебатата за нова помош и укажа на тековната програма. Владата во Берлин меѓутоа наведува дека се можни подобрувања на таа програма, но под одредени услови.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле утре (18.07) патува за Атина каде ќе се сретне со неговиот колега Јанис Стурнарас. Според агенцијата дпа, Берлин има намера да учествува со 100 милиони евра капитал во Банка за унапредување и пораст во Грција.
Денеска грчкиот парламент треба да донесе одлука за спорен закон во земјата, кој меѓу другото предвидува отпуштање на 15.000 државни службеници до крајот на 2014 година. Доколку пратениците не го одобрат законот, Грција нема да ја добие новата транша помош од меѓународните донатори во висина од 2,5, милијарди евра до крајот на јули и загрозена би била и владата на Самарас. Против овој закон од понеделникот во Грција се одржуваат штрајкови и протести.