1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најскап банкрот во историјата

1 јуни 2009

Американскиот автоконцерн „Џенерал моторс“ денеска прогласи банкрот. Тоа е најголемиот банкрот во историјата на американската индустрија.

https://p.dw.com/p/I1K0
Централата на „Џенерал моторс“Фотографија: AP

Американската влада би требало да преземе 60% од „Џенерал моторс“. Американскиот претседател, Барак Обама, како што се очекува, денеска во говор до нацијата ќе нагласи дека владата ќе се држи настрана од деловните одлуки на концернот, кој досега од Вашингтон доби 20 милијарди долари државна помош.

Според АП, канадската влада ќе има исто така удел во „Џенерал моторс“ и тоа 12,5%, додека 17,5% би требало да поседува Фонд на синдикатот „Јунајтед ауто воркерс“. Досегашните доверители би требало првично да добијат 10%, со можност нивниот удел да се зголемува до 25%. Владата очекува правниот процес за реструктуирање на „Џенерал моторс“ да трае 60 до 90 дена.

Покрај прогласувањето банкрот, се очекува денеска да бидат наведени 14 фабрики на „Џенерал моторс“ кои треба да бидат затворени. Под покривот на концернот ќе се произведуваат се‘ уште марките Кадилак, ГМЦ, Шевролет и Бјуик, додека Хамер, Сатурн и Сааб треба да бидат преземени од други производители. Понтиак дефинитивно ќе го снема, додека во „Опел“, „Џенерал моторс“ ќе има една третина од сопственоста. Во иднина концернот би требало да произведува марка на мали автомобили. Американското министерство за финансии смета дека голем дел од парите што државата му ги дава на „Џенерал моторс“ како помош ќе бидат вратени за околу пет години, пишува „Вашингтон пост“.

Автор: ЕМФ/АТ/дв

Редактор: Александра Трајковска