1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најмалку 21 жртва од студот во САД

БГ/ап/бета8 јануари 2014

Големото студено невреме во САД досега предизвикало смрт на десетици луѓе. Температури под нулата биле измерени и на Хаваите. Метеоролозите прогнозираат затоплување во следните денови.

https://p.dw.com/p/1Amnl
Фотографија: Getty Images

Невремето проследено со снег и температури кои паѓаат до минус 30 степени Целзиусови се прошири од средниот запад на источните и јужните делови на САД и предизвика смрт на најмалку 21 лице, соопштија властите во земјата.

Во сојузната држава Илиноис починале седум лица, во Индијана шест. Најмалку пет лица починале како резултат на малаксаност при чистење на снегот, а неколку жртви биле идентификувани како бездомници кои или одбиле да заминат во прифатилиште, или не стигнале навреме да го сторат тоа.

Во текот на невремето, речиси сите американски држави вчера (7.01) се соочиле со екстремно ниски температури, вклучително и Хаваите, каде биле измерени минус 8 степени на врвот на неактивниот вулкан Мауна Кеа.

Kältewelle in den USA New York 07.01.2014
Последици од студот во ЊујоркФотографија: picture-alliance/AP

Големите студови започнаа во текот на викендот и во меѓувреме зафатија повеќе од половината од територијата на САД.

Голем број училишта и прифатилишта вчера останаа затворени на источната страна на земјата, а властите отвораат прифатилишта за бездомниците и за сите на кои им е потребно место каде ќе се згреат.

Според прогнозите, најлошиот дел од невремето треба да мине во следните два дена, по што се очекува потопло време и температури околу нулата.

Kältewelle in den USA Chicago 06.01.2014
Фотографија: picture-alliance/dpa

Поради студовите кои го забавуваат транспортот на багажот и полнењето со гориво, во патничкиот авиосообраќај во САД откажани се повеќе од две илјади летови, а во последните четири вкупниот број на откажани летови достигна 11 илјади.