1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најмалку 200 мртви во авионската несреќа во Бразил

18 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BJPZ

Најмалку 200 лица ги загубија животите во авионската несреќа во Сао Паоло. Авион од типот Ербас А 320 утринава по неуспешниот обид за слетување удри во една бензиска станица во непосредна близина на аеродромот. Никој од 176 патници и членови на екипажот не ја преживеал несреќата. Спасувачките екипи засега извлекле тела на 50 загинати. Сеуште се нејасни причините за несреќата, која е една од најголемите во историјата на Бразил.