1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најмалку 200 загинати и илјада тешко повредени во земјотресот во Кина

БГ/миа/макфакс22 април 2013

Се’ уште трае потрагата по жртвите од катастрофалниот земјотрес кој во саботата ја погоди кинеската провинција Сечуан. Бројот на загинатите достигна 200 луѓе, а илјадници се повредени.

https://p.dw.com/p/18KOY
Фотографија: Reuters

Бројот загинати од земјотресот со магнитуда од 6,6 или од 7,0 степени по Рихтер што во саботата наутро ја погоди југозападната кинеска провинција Сечуан постојано расте и во понеделникот наутро се искачи до 208 загинати, а илјада луѓе се здобиле се тешки повреди. Според последните податоци бројот на повредените надминал 11.800 луѓе. Вкупно, со земјотресот на некој начин настрадала повеќе од 1,5 милион жители на провинцијата Сечуан.

Исто така, кинеските власти го зголемија и бројот на лица ангажирани во операцијата за потрага и спасување на лицата под урнатините, па сега се вклучени повеќе од 10 илјади војници, лекари и спасители. Со операцијата на лице место раководи новиот кинески премиер Ли Кјецјанг.

Во областа продолжува сеизмолошката активност, а од саботата наутро се регистрирани повеќе од илјада подземни удари од кои над стотина биле со магнитуда околу 3 степени по Рихтер.

Земјотресот чијашто магнитуда кинеските сеизмолози ја проценуваат на 7,0 степени по Рихтеровата скала, беше регистриран во саботата наутро во провинцијата Сечуан во југозападниот дел од Кина. Центарот на потресот бил на длабочина од 13 километри, а неговиот епицентар бил во областа Лушан во градскиот округ Ја'ан, 150 километри од административниот центар Ченду.

Провинцијата Сечуан е една од сеизмички најактивните зони во Кина. Пред пет години, на 12-ти мај 2008 година, во оваа провинција беше регистриран најмоќниот земјотрес што ја погодил Кина во последните 30 години со магнитуда од 8,0 степени според Рихтер. Според официјалните податоци, во потресот загинаа или уште се водат како исчезнати вкупно 87.150 луѓе (за 69.195 потврдена е смртта, а 18.392 се водат за исчезнати), а повредени беа

374 илјади луѓе, додека милиони останаа без своите домови. Сеизмолозите наведуваат дека земјотресот од саботата не е никако поврзан со трагедијата од 2008 година.

Земјотресот во кинеската провинција Сечуан беше петти на светот во овој април, а од почетокот на годинава се регистрирани 23 големи земјотреси во светот, во кои загинаа повеќе од 230 луѓе.