1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најмалку еден Германец загина при несреќата на Пукет

17 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bged

По авионската несреќа на тајландскиот остров Пукет, пронајдени се двете црни кутии. Во меѓувреме, според авиокомпанијата се зголеми и бројот на жртвите на 90 лица. Меѓу загинатите, покрај големиот број странци се и двајцата пилоти. Министерството за надвореши работи во Берлин објави дека меѓу загинатите е најмалку еден Германец. Авионот со 130 патници се урна вчера на аероромот во Пукет каде имаше невреме со дожд и силен ветер, при слетувањето се лизна од патеката и се подели на два дела, по што изби пожар.