Најевтината куќа на светот
17 јули 2011Компанијата „Тата“, за шест до осум месеци, на домашниот пазар ќе понуди куќа Нано, која ќе може да се подигне за една недела, изјави пред новинарите шефот на проектот Сумитеш Дас. Монтажната куќа од 20 метри квадратни ќе биде понудена по цена од 32.000 рупии (509 евра), а ќе биде опремена со врати, прозорци и покрив. Внатрешните ѕидови ќе бидат покриени со јута или со влакна од кокос. Куќата ќе има трајност од 20 години. Куќата Нано е тестирана во државата Западен Бенгал, а ќе биде достапна и во верзија од 30 метри квадратни, со дополнителни опции: соларни панели и веранда. Тата се надева дека ќе ги продава своите куќи на поединци, но и на владите на сојзуните индиски држави, кои се обидуваат да го решат проблемот со покрив над главата на милиони Индијци кои се без свој дом.
Автор: ЕМФ/макфакс
Редактор: Борис Георгиевски