Најдобрите спортисти во Германија во 2009
21 декември 2009Двократниот светски првак во пливање Паул Бидерман, во изборот зад себе ги остави вицешампионот во Формула 1, Себастијан Фетел и фрлачот на диск Роберт Хартинг. На церемонијата во Баден Баден тој истакна:
„ Ова ме прави неизмерно горд, Многу ме радува. Тоа е неверојатно признание за моите остварувања и за мојот спорт“
Паул Бидерман годинава постави светски рекорди на 200 и 400 метри слободен стил на Светското првенство во Рим и му го нанесе првиот пораз на Мајкл Фелпс на неговата омилена патека од 200 метри по цели пет години. Покрај тоа Бидерман стана и двоен европски првак на истите дистанци во кратки базен на првенството во Истанбул.
Круна на кариерата за Нериус
37-годишната Штефи Нериус ја освои титулата на светското атлетско првенство во Берлин, во дисциплината фрлање копје. Тоа беше доволно за жирото да ја избере за најдобра германска спортистка пред минатогодишната победничка пливачката Брита Штефен и скијачката Марија Риш.
„Неверојатно што се’ освојувам годинава“ , изјави во Баден Баден, Нериус.
Фудбалерките неприкосновени во Европа
Женската фудбалска репрезентација пак беше избрана за најдобар спортски колектив, пред шампионот во Бундеслигата, Волфсбург, и репрезентативниот осмосед во веслање.
„Се разбира деке ни претставува чест и многу сме горди, дека ја освојуваме оваа награда пред Волфсбург“, изјави репрезентативната голманка, Надин Ангерер.
Женската фудбалска репрезентација годинава ја освои седмата титула европски првак, а во финалето беше совладана селекцијата на Англија со рекордни 6:2.
Автор: Вернер Шмиц/ Симе Недевски
Редактор. Жана Ацеска