1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најдобрата менза на светот

Ута Болоу / Елизабета М. Фиданоска25 ноември 2013

Во мензата на универзитетот Слоу Фуд (Slow Food) во Бра, Италија, покрај шпоретот стојат врвни готвачи. Уметност на приготвување храна по поволни цени за гости кои имаат стручни познавања во оваа сфера.

https://p.dw.com/p/1AJLd
Фотографија: Robert Kneschke/Fotolia

Кога сакаат да јадат убаво, гурманите вообичаено одат во ресторанот на Салваторе Тоскано. Тој меѓутоа застан и зад витрините во кантината на универзитетот Слоу фуд (Slow Food) во Бра и ги послужуваше студентите од цел свет. Во универзитетот постои веројатно најдобрата менза на светот, во која на смени готват врвни готвачи, меѓу кои и вистински легенди.

„Да, ова е добра можност да се проба нешто од врвните готвачи, за чии јадења вообичаено плаќаш стотици евра. Сето тоа по цена од 6 или 10 евра“, вели Меги.

Еден од студентите Германци додава:

„Може да се пробаат различни регионални јадења и генерално се добива многу добра слика за италијанската кујна.“

Magen-Darm-Virus Ostdeutschland
Фотографија: picture-alliance/dpa

Кај Салваторе има тоскански специјалитети, на пример риволита, односно супа со зеленчук и зелен грав. Сите состојки потекнуваат од регионот, а едно мени треба да чини под 5 евра.

Зошто еден врвен готвач би го правел тоа? Салваторе Тоскано вели:

„Не може да се одбие, ова е фантастичен предизвик - да се зготват добри јадења по екстремно ниски цени.“

Uниверзитетот Слу фуд (Slow food) постои од 2005 година. Темите јадење и пиење се третираат чисто академски, а од годинава има и практична нагледна настава во мензата.

Карло Петрини, основач на организацијата Слу Фуд, оценува:

Rio+20 Carlos Petrini Slow Food Bewegung
Карло ПетриниФотографија: DW

„Да се работи со состојки кои чинат помалку од 5 евра е многу интересна вежба, особено кога се работи за готвачи со меѓународен углед.“

А, студентите кои овде се за да учат што е квалитетно, во никој случај не се едноставна публика. Тоа Салваторе го знае, па вели:

„Многу се љубопитни, но се разбира, има и критика.“

Акцијата покажува дека доброто јадење не мора да е скапо. А, и каде на друго место од шефот на кантината се добива автограм?