Најголеми демонстрации во Јапонија во последните децении
9 март 2013Демонстрантите во Токио упатија остри критики на сметка на конзервативниот премиер Шинзо Абе, кој сака да стави повторно во употреба многу од нуклеарните централи кои превентивно запреа со работа, а сака дури да изгради и нови централи. Во моментов во Јапонија се активни само две од вкупно 50 нуклеарни централи.
Толку големи демонстрации како денешните во Јапонија немапо уште од демонстрациите против Виетнамската војна во 1960-тите. Демонстрантите аплаудираа и носеа транспаренти на кои стоеше „Спасете ги нашите деца“.
Противниците на атомската енергија имаат поддржувачи меѓу познатите личности во Јапонија. Носителот на Нобеловата награда за литература Кензабуро Ое на еден од собирите рече: „Ќе се борам против секого кој се однесува како Хирошима, Нагасаки и Фукушима да не постоеле“. И добитникот на Оскар и на Греми наградите, Руичи Сакамото, треба да се појави на еден анти-нуклеарен концерт вечерва.
Во североисточниот дел на земјата, кадешто се случи нуклеарната катастрофа пред две години, се‘ уште не се вратиле околу 160.000 луѓе, поради страв од рак и други последици на радиокативно зрачење. Атомската несреќа во Фукушима на 11 март пред две години беше предизвикана од земјотрес и цунами. Животот го загубија 19.000 луѓе. За утре се предвидени нови демонстрации во Јапонија.