1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Највисока казна за „монструмот од Грбавица“

ЕМФ/миа/бета29 март 2013

Судот на Босна и Херцеговина денеска (29.03) го осуди Веселин Влаховиќ - Батко на 45 години затвор, што е највисока казна што тој суд ја изма изречено за воени злосторства.

https://p.dw.com/p/186yI
Фотографија: Reuters/Court of Bosnia and Herzegovina

Веселин Влаховиќ - Батко,  познат како „монструмот од Грбавица“ е осуден на 45 години затвор за свирепи злосторства, кои ги извршил врз несрпско население. Влаховиќ е обвинет дека како припадник на паравоените сили на Република Српска вршел прогон на цивилното несрпско население во населбите Грбавица, Враца и Ковачиќи, општина Ново Сараево.

Тој е обвинет дека во рамки на прогонот на национална, етничка и верска основа, извршил убиства, заробувања, силувања, противправни затворања, физички и психички злоупотреби, грабежи. Влаховиќ е прогласен за виновен по 66 точки од обвинението за убиство на повеќе десетици лица, силување на повеќе жени, како и претепување, малтретирање и ограбување на граѓаните од несрпска националност во периодот од 1992 и 1993 година.

Влаховиќ беше уапсен во Шпанија, а на правосудните органи на БиХ им беше предаден во март 2010 година.