1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најавен самит меѓу Северна и Јужна Кореја

8 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BSCS

Првпат по седум години Јужна и Северна Кореја ќе оддржат самит на кој треба да се разговара за мировниот процес на поделениот корејски полуостров. Како што е соопштено од претседателскиот кабинет во Сеул, јужнокојрескито претседател Ро Му Хјун на крајот на август ќе замине за Пјонгјанг на разговори со северно корејскиот диктатор Ким Јонг Ил. Од средбата се очекува подобрување на односите меѓу двете земји. Официјално Северна и Јужна Кореја се уште се наоѓаат во војна состојба. По корејската војна во 1953 година договорено е само положување на оружјето.