Начелен договор во Грција
27 септември 2012Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска (27.09) се сретна со коалициските партнери Евангелос Венизелос од ПАСОК и Фотис Кувелис од Демократската левица, за да го финализираат пакетот за заштеда на 11,5 милијарди евра и собирање дополнителни две милијарди евра од нови даночни мерки.
Министерот за финансии Јанис Стурнарас, кој исто така учествуваше на состанокот, рече дека тоа што лидерите се договориле е „основа за силни преговори со кредиторите на земјата“.
Тој прецизира дека предложените мерки прво треба да ги одобрат претставниците на ММФ,ЕУ и ЕЦБ, кои викендов се очекува да се вратат во Атина, а потоа ќе бидат поднесени за гласање во Парламентот.
Според лидерот на Демократската левица Фотис Кувелис, „има уште некои прашања“ за договарање. „Ќе бараме четиригодишно продолжување на програмата за фискално прилагодување на Грција“, рече Кувелис.
Усвојувањето на пакетот мерки за штедење е клучено за доделување на следната транша помош за Грција во висина од 31,5 милијарди евра. Без финансиска помош на земјата и‘ се заканува банкрот.