1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нацистички поздрав ја шокираше Грција

БГ/миа22 октомври 2012

Употребата на нацистичкиот поздрав на партиски собир во неделата на парламентарната партија Златна зора од страна на нејзиниот генерален секретар предизвика скандал и реакции во Грција.

https://p.dw.com/p/16UXy
Фотографија: dapd

Генералниот секретар на екстремната неонацистичка партија Златна зора, Никос Михалољакис, говорејќи пред младите луѓе од неговата партија, ја подигна својата десна рака во знак на добропознатиот нацистички поздрав. Претставниците на екстремната десница и порано го користеа овој поздрав, но ова е првпат тоа да го прави член на највисокото партиско раководство, и тоа откако првпат ова партија на повторените предвремени парламентарни избори ова лето успеа да влезе во грчкиот парламент.

„Понекогаш е добредојдено да се покажат рацете така“, изјави Михалољакис за подигнувањето на десната рака во нацистички поздрав. „Но овие раце се чисти, не се извалкани. Тие не крадат“, додаде генералниот секретар на Златна зора.

Снимката од настапот на Михалољакис беше прикажана на грчката државна телевизија. Претставници на сите поголеми партии во Грција го осудија чинот на ултранационалистичкиот челник.

„Фашистичкиот поздрав не претставува само провокација, туку и дрскост“, изјави претставникот на владејачката центро-десничарска партија Неа демократија’, Манолис Кефалојанис.

„Рецептот што го нуди Златна зора, ја доведоа Европа до катастрофа“, изјави претставник на социјалистичкиот ПАСОК. Националистите од партијата Независни Грци забележаа дека „нацистичкиот поздрав повлекува по себе нацистичко насилство“.

„Сите треба да разберат дека во земјата којашто ја родила демократијата, гневот не треба да се претвори во нацизмот“, предупредија од партијата Независни Грци.

Athen rechte Partei verteilt Lebensmittel
Припадници на Златна Зора делат храна во АтинаФотографија: Reuters

Партијата Златна зора која што има 18 места во 300-члениот парламент на Грција, категорично негира дека е неонацистичка. Меѓутоа, познато е дека таа со години печати и шири таква литература. Припадници на Златна зора, па дури и некои од нејзините пратеници, се обвинувани од страна на организациите за човекови права за нападите врз странските работници и левоориентирани активисти. Во земјата којашто покрај огромната криза е погодени и од бројна нелегална имиграција, Златна зора организираше растурање на тезгите на коишто продаваат странските имигранти во Атина, потоа се јави како организатор на крводарителска акција само од Грци, потоа дистрибуција на прехранбени производи „само за Грци“ и барањето да се намали бројот на децата на имигрантите во јавните градинки. Исто така, припадниците на партијата се осомничени и за напади врз имигрантите во кои имаше тешко повредени и смртни случаи.