1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нафтата уште тече?

19 јули 2010

Во Мексиканскиот залив, во близина на хаварисаната цевка, сепак истекува нафта од морското дно, соопшти синоќа американската влада.

https://p.dw.com/p/OOi7
Фотографија: AP

Адмиралот Тед Ален, раководител на владиниот тим за борба со нафтената дамка, писмено се обрати до концернот „Бритиш петролеум“ со барање темелно да го надгледува регионот и во случај да има и други места од каде истекува нафтата, за истото да информира во рок од четири часа. Портпарол на концернот „БП“ за американската телевизија СиЕнЕн доцна синоќа изјави дека не му е познато оти имало место каде неконтролирано истекувала нафта. Кратко пред тоа, концернот објави дека е постигнат значителен напредок и дека три дена не истекнува нафта во морето од хаварисаната платформа. Најверојатно новиот цилиндер ќе го затвори изворот се’ до почетокот на август, кога изворот на морското дно ќе може конечно да биде зацементиран, изрази претпазлив оптимизам менаџерот на „БП“ Даг Сатлс.

Тестовите се охрабрувачки

Мерењата, сепак, покажаа пониски вредности на притисокот од очекуваното. Тоа би можело да значи дека изворот е исцрпен или нафтата истекува на друго место. Во случај нафтата да се излева на друго место во морето, вентилите на цилиндерот би морале да бидат отворени. Во тој случај нафтата би се собирала како и досега во танкер, изјави Сатлс. Адмиралот Тед Ален и за тоа побара детален план од концернот.

Автор: АТ/СН/дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска