1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нафтата со нова рекордна цена

Горан Петрески28 мај 2008

На македонската економија и се заканува нов ценовен рекорд. Бензините во Македонија поскапуваат во серија. За две недели се случија два драстични скока на цената на нафтата.

https://p.dw.com/p/E7Uh
Фотографија: dpa

Дизелот стана поскап од одредени видови бензини и достигна цена од 1, 20 центи за литар. Најзагрозени се оние сектори кои се директно зависни од цената на суровата нафта, предупредува екс министерот за стопанство и добар познавач на нафтениот бизнис во Македонија, Борис Рикаловски.

Деновиве ќе поскапи такси превозот и тоа за 25 проценти. Автобуските превозници бараат интервенција на државата, камионџиите прават биланс на загубите. Приватниот градски превоз засега нема да ги зголеми цените. Ќе се воздржи од поскапување на билетот до изборите и покрај тоа што ќе работи со загуби. Од новата влада ќе се бара итна интервенција за да се спаси бизнисот од колапс.

Се очекува поскапувањето на транспортот да предизвика серија поскапувања на други стоки и услуги. Некои фирми што произведуваат и тргуваат со прехранбени производи велат дека будно ја следат ситуацијата. Засега се воздржуваат од зголемување на цените, но стравуваат дека ако продолжи овој тренд, поскапувањата ќе бидат неизбежни.

Пред една година литар дизел се продаваше за 50 денари, а сега достигна 74 денари.