НАТО со дополнителни војници на Косово
26 април 2012НАТО започна со разместување на дополнителни трупи на Косово со намера да ги намали тензиите во пресрет на претстојните српски избори. Во Приштина пристигнаа првите 250 германски војници од резервниот состав на НАТО. Портпаролот на КФОР Марк Стамлер информираше дека допремувањето на трупите ќе трае до понеделник. Тој додаде дека разместувањето на нови трупи се врши на барање на командантот на КФОР, германскиот генерал Ерхард Древс. Дополнителниот батаљон со 550 германски и 150 австриски војници ќе биде под негова директна команда.
И портпаролката на НАТО Оана Лунгеску во Брисел подвлече дека испраќањето на дополнителните НАТО војници се темели на „проценката за безбедносната состојба“. „Сакаме да биде подготвени за секое евентуално зголемување на тензиите“, изјави Лунгеску и апелираше до „секого во регионот, да се воздржи од зборови и дела, кои би можеле да доведат до натамошно насилство“.
Во Србија на 6 мај ќе бидат одржани претседателски, парламентарни, покраински и локални избори.