1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО – Русија

27 април 2007
https://p.dw.com/p/Ag9u

Генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер од рускиот претседател, Владимир Путин побара промена на ставот во врска со Договорот за конвенционалните воени сили во Европа, или скратено КСЕ. Алијансата е загрижена и разочарана поради одлуката на Москва за замрзнување на договорот, изјави шефер по средбата на Советот НАТО-Русија во Осло. Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, по средбата со рускиот колега, Сергеј Лавров оцени дека секоја суспензија на важечкиот договор е чекор во погрешна насока. Штајнмаер предупреди од можна спирала на недоверба. Рускиот претседател Путин својот потег го образложи, меѓу другото, со американските планови за анти-ракетен птит во источна Европа. Инаку, КСЕ- договорот важи како основа за конвенционалното разоружување во Европа. Тој беше склучен во 1990 година меѓу НАТО и тогашниот Варшавски пакт и во него е определена горната граница за вооружување како тенкови, авиони и артилерија.